Каде ќе се игра кошаркарското ЕП 2029? Осум држави поднесоа кандидатура

Веќе стана традиција кошаркарските Европски првенства да бидат организирани од четири земји, а ова е случај откако беше зголемен бројот на учесници на 24. Светската кошаркарска организација, ФИБА, објави дека за континенталниот собир во 2029 година има осум кандидатури, а само четири од нив ќе ја имаат честа да бидат домаќини на најдобрите европски кошаркарски селекции.

Естонија, Финска, Германија, Грција, Литванија, Холандија, Словенија и Шпанија ја сакаат организацијата, а само две од нив никогаш претходно не биле домаќини. Тоа се Холандија и Естонија, додека Финска сака да испише историја и да биде првата земја која двапати по ред била домаќин на Европско првенство, со оглед на тоа дека е една од четирите земји кои се организатори на Евробаскетот следната година.

- Оглас -

Најнови вести