Каде ли гледаше судијата, Шпанците уште се во шок по огромниот превид на штета на Жирона

Жирона синоќа сензационално испадна од четвртолигашот Логроњес во третото коло од Купот на Шпанија, но прашање е дали ќе се случеше тоа доколку се почитуваа правилата на фудбалската игра и имаше ВАР-систем.

Натпреварот меѓу Логроњес и Жирона по 120 минути заврши без голови, па се шутираа пенали. Уругваецот Кристијан Стуани го изведе последниот пенал за Жирона, топката помина преку линијата најмалку половина метар, а и покрај тоа што судијата стоеше на гол-аут линијата, само на неколку метри од местото каде што топката удри и неговата улога требаше да следи, тој не виде и голот не беше признат.

- Оглас -

Најнови вести