Мохамед Салах постигна мајсторски гол од многу тешка позиција, речиси од мртов агол, а дополнителен проблем му беше што требаше топката да ја шутне со неговата послаба десна нога. Но, Салах е мајстор на фудбалот, одлично се снајде и даде гол кој го однесе Ливерпул во следната фаза од Лигата на шампионите.
Ливерпул со Јирген Клоп на клупата три сезони по ред ја мина групата, а пред да дојде Германецот, две сезони по ред своето натпреварување во ЛШ го завршуваше во групите.
https://twitter.com/i/status/1204479386956783618