Поразот од Реал Сосиедад од 0-3, ја симна Валенсија на 18-тото место на табелата во шпанската Ла Лига.
Македонскиот голман Столе Димитриевски кој летово потпиша за некогашниот шпански првак, уште нема настап на официјален меч во дресот на Валенсија.
Лилјаците се во криза, имаат само 5 бода после осум одиграни натпревари. Ваков очаен старт после осум кола имале само во четири сезони претходно, последен пат во 1997/98.