На натпреварот од чилеанската лига помеѓу Ла Серена и Унион Ла Галера, главниот судија направи огромна грешка кога досуди корнер по акција што заврши со гол.
Домаќините водеа со 1:0 кога во 86-тата минута екипата на Унион Ла Галера направи брз контранапад, а по шутот на Брајан Мендоза, топката заврши во мрежата откако претходно погоди еден противнички играч.
Сепак, на изненадување на сите на теренот, судијата без двоумење досуди корнер наместо гол. За среќа, на овој меч имаше ВАР-систем кој ја исправи судиската грешка, па голот беше признат и на крајот средбата заврши 1:1.
Спорната сутуација може да ја видите ТУКА, или на видеото подолу на 3:50 минути.