Каде оди среќа носи – Јаховиќ со гол ја елиминира Олимпија (Видео)

Адис Јаховиќ го постигна победничкиот гол за Јени Малатија против Олимпија во Љубљана, вреден пласман понатаму во квалификациите за настап во Европа Лигата.

Во 77. минута поранешниот македонски репрезентативец беше прецизен и ја затресе мрежата на Нејц Видма, доволно за настап во следната фаза во европскиот куп.

Јаховиќ беше стрелец на еден гол и на првиот меч, што заврши нерешено 2:2 во Малатија, па вкупно со два прецизни удари од вкупно три гола на турскиот тим е најзаслужен за пласман во полуфиналето и двомеч веројатно со Партизан од Белград.

https://www.youtube.com/watch?v=z8BVjKyref8

- Оглас -

Најнови вести