Триото Меси-Суарес-Нејмар, кое додека беше заедно во Барселона сееше страв кај противничките одбрани, а се распадна кога Бразилецот замина за 222 милиони евра во ПСЖ, ја користи секоја прилика за дружба и заедничка фотографија.
Така беше и синоќа на прославата на 10-годишнината од бракот на Луис Суарес со неговата сопруга Софија Балби, со која е во врска уште кога фудбалерот имал 15 години, а сега имаат три деца. Поканети биле и други славни уругвајски фудбалери, а од Барса освен Меси, Суарес ги викнал уште Бускетс и Алба.
Меси и Нејмар дојдоа на прославата, а триото познато како МСН направи и една заедничка фотографија. Односот на Нејмар кон неговиот поранешен клуб е чуден. Од една страна, многу сака да се врати и постојано се дружи со екссоиграчите, а од друга страна, има судски спор со клубот и им бара пари. Летоска го разочараа кога го избраа Антоан Гриезман, а не него, па сега мора да игра за парискиот клуб.