Каде се прославите, таму е и Нејмар

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, по победата на неговиот Бразил над Аргентина од 2-0 во полуфиналето на Копа Америка, од ложата на трибините се симна во соблекувална за да го слави триумфот заедно со своите колеги.

Нејмар не игра поради повреда на глуждот на десната нога, а за време на подготовките имаше и психички проблеми, па селекторот Тите го изостави од тимот.

Нејмар на стадион дојде на еден час пред почетокот на средбата, не беше сам, туку со неколку пријатели, а потоа се сретна и со претседателот на државата, Жаир Болсонаро. По завршувањето на мечот, двајцата заминаа во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести