Каде се сега шестемина величествени кои ги одбра Кристијано Роналдо како свои наследници во 2017?

Кристијано Роналдо во 2017 година ја освои Златната топка и тогаш ги одбра шестемин величествени, како што беа тогаш наречени, кои би можеле да го достигнат, но и да го надминат.

Дел од тие фудбалери се покажаа како големи разочарувања, а тоа посебно се однесува на Еден Азар. Далеку од класата на Португалецот е и Марко Асенсио. Промашување е и Маркус Рашфорд, но и Осман Дембеле.

Високо ниво достигна Нејмар, кој во најдобрите години беше во врвот на светскиот фудбал, а единствен кој сè уште има шанса да го достигне нивото на Кристијано Роналдо е Килијан Мбапе. Новиот фудбалер на Реал Мадрид во моментов важи за најдобар фудбалер во светот, а пред себе има уште неколку години да го достигне светскиот врв.

- Оглас -

Најнови вести