Каде загинаа Жота и неговиот брат? Тоа е пат на смртта, кривини, дупки и дивеч на патот

Фудбалскиот свет уште е во шок по смртта на ѕвездата на Ливерпул Диого Жота и на неговиот брат Андре Силва. Браќата трагично настрадаа во сообраќајна несреќа кога новното возило Ламборџини, излета од патот, а потоа се запали. Трагедијата се случи во провинцијата Замора во Шпанија на А-52 патот кој всушност е означен како „многу опасен“.

Извори од градското собрание на Сернадиља, во близина на местото каде што беа загинаа Диого и неговиот брат, за локалните медиуми посочија:

„Лошата видливост ноќе е често причина за несреќи во овие области. Денес тоа беа двајца познати фудбалери, кои имаа одлична кариера пред себе, но можеби утре жртви ќе бидат уште двајца анонимни луѓе.“

Автопатот А-52 е најопасниот пат во регионот, според најновиот годишен извештај за несреќи. На оваа сообраќајница имало повеќе сообраќајни несреќи отколку на кој било друг близок пат, а несреќите честопати се фатални. Многу несреќи се случуваат под добри услови – што значи суви површини и добра видливост при лесен сообраќај – што укажува дека самиот пат е опасен.

Возачите мора да се справат со разни препреки по должината на патот- вклучувајќи и животни. Областа каде што скапиот автомобил Ламборџини Хуракан на Жота излета од асфалтот е „црна точка за волци“. Регионот Самора е опишан како „рај“ за иберискиот волк – а судирите на автомобили со предаторите не се невообичаени. Елените се исто така честа појава, а лесниот пристап до животните претставува огромен ризик за возачите, според шпанскиот весник „Ла Разон“.

За овој пат минатата година имало повеќе од 40 официјални жалби за дупки на патот поднесени до шпанското Министерство за транспорт за еден месец, открива локалната веб-страница „Ла Опин де Замора“.

- Оглас -

Најнови вести