Кадетите ја загубија осминафиналната битка со Турција

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години, го загуби осминафиналниот дуел против Турција со 82:74, за елиминација од Европското првенство за кадети на кое сме домаќини.

Избраниците на Апостолоски-Лечиќ немаа сили да се борат со талентираните Турци за пласман во топ 8 фазата. Противникот издоминира од самиот старт преземајќи ја контролата врз резултатот и самиот меч, со водство од 19:12 Турција ја освои првата четвртина и потоа постепено ја градеше разликата. Во одреден период од второто полувреме Турците имаа и највисоки +24, па иако Македонија се разигра во последните 10 минути и успеа да ја намали негативата на едноцифрена, доцна беше за спас од пораз.

Никола Јаничиќ со 15 поени беше најсветла точка во нашиот состав, Турција беше предводена од расположениот Ѓокпинар со 22 поени.

Македонија веројатно против Данска ќе се бори за сигурен опстанок во дивизијата А, која пак е апсолутен аутсајдер во дуелот против Литванија. Во спротивно, ќе мора да се победат останатите два дуели од разигрувањето.

- Оглас -

Најнови вести