Кадетската репрезентација на Македонија денес го игра последниот натпревар од Главната рунда на Светското ракометно првенство во Хрватска. Противник на нашите момци ќе им бидат врсниците од Австрија, а борбата ќе биде за освојување на третата позиција во групата.
Австрија е фаворит според квотата во Sport Life, но Македонија има многу подобра гол-разлика во групата во која двете репрезентациии досега загубија од Норвешка и Данска. На нашата репрезентација потребно ѝ е најмалку нерешено за да стигне до третата позиција и пласман во групата на репрезентации кои ќе се борат за пласман од деветтото до 12-тото место.
На Светското првенство во Хрватска денес на паркетот ќе истрчаат сите 32 репрезентации, а 16-те натпревари може да ги најдете во понудата на Sport Life.