5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Кадетите тргнаа победнички, Македонија е на чекор од пласман на ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија со победа над Финска од 36-29 го отвори квалификацискиот турнир кој се игра во Луксембур. Ракометарите предводени од селекторот Горан Кузманоски се еден чекор поблиску до пласман на Европското првенство за играчи до 18 години, а пласманот може да го потврдат уште утре, кога играме против Грција во второто коло.

Македонија имаше негатива од 13-15 на полувремето против Финска, но одличното второ полувреме ни го донесе посакуваниот резултат и убедливата победа. Јован Петрески со 10 гола беше најефикасен во нашата репрезентација, но и воопшто на натпреварот. Еден гол помалку постигна Бобан Поповски.

Пласман на континенталниот собир ќе обезбедат најдобрите две селекции од нашата квалификациска група. Мечот против Грција се игра во сабота со почеток во 14:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести