Кадис од 2006 година чекаше ваков резултат

Со победата од 3-1 над Алавес, Кадис ја оствари првата победа во 2021 година, односно по пауза од месец и половина по шокот од 2-1 над Барселона.

Новакот кој по 14 години се врати во шпанската елита, забележа нов подвиг со сигурниот исход вечерва на домашен терен. Имено, Кадис првпат од 2006 година успева да реализира три или повеќе погодоци во еден првенствен меч, а последен пат тоа го стори во последното коло од сезоната 2005/06, против Малага со триумф од 5-0.

За освојувањето на бодовите се погрижија Алекс, Лозано и Негредо, кои погодуваа до 68-та минута и ги поставија конечните 3-1.

- Оглас -

Најнови вести