Кадис по 14 години обезбеди промоција и договори европски шампион како прво засилување

Кадис е првиот тим кој обезбеди промоција во Ла Лига за следната сезона како првопласирана екипа во Втората шпанска лига. Тимот има 69 бода на две кола до крајот, пет повеќе од Уеска, што значи дека Кадис конечно ќе биде дел од елитата по 14 години пауза, поточно од сезоната 2005/06 која ја напуштија Ла Лига.

Клубот сам ќе си се награди за успехот со ангажман на европскиот првак Алваро Негредо. Поранешниот голгетер на Севилја и Манчестер сити од 2018 година игра во Соединетите Арапски Емирати за тимот на Ал-Наср, а од септември и тој ќе му се врати на шпанскиот фудбал откако последно настапуваше за Валенсија до 2017 година.

Негредо беше дел од селекцијата на Шпанија која ја одбрани европската титула во 2012 година, а може да се пофали со титула во Премиер лигата од сезоната 2013/14 како член на Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести