Кадис ја победи Валенсија со 2:1 во најконтроверзниот меч што се одиграл во Ла Лига во овој милениум, а малку фалеше воопшто да не се доиграат околу 60 минути.
Францускиот интернационалец видно изнервиран го бракаше Кала по терен за да се пресмета и физички со него, но за среќа играчите на теренот спречија поголем инцидент.
Дијакаби се пожали дека бил навредуван на расна основа, а соиграчите во знак на поддршка го напуштија теренот. Мечот потоа продолжи, а шпанските медиуми откриват дека Дијакаби ги молел соиграчите да се вратат на терен.
Valencia will return to the pitch to complete their La Liga game with Cadiz.#NoToRacism https://t.co/JzE28NW3Ys
— GOAL (@goal) April 4, 2021
Прекинот траеше неколку минути и при резултат 1:1 продолжи, а Кадис успеа да победи со голот на Маркос Мауро во 88. минута.