Кафанџиите од Гибралтар знаат да играат фудбал, забележаа историска победа во Европа

Бајката на гибралтарските Страчки, односно на екипата Брунос магпис денеска доживеа кулминација со историска победа во еврокуповите против Крусејдерс од Северна Ирска со 2:1.

Тимот што е формиран на уникатен начин пред 9 години, кога група пријатели во кафеана на Гибралтар по неколку чашки алкохол, одлучиле да формираат фудбалски клуб е во фокусот на спортските медиуми откако клубот успеа да се избори за евронастап.

Денеска и победија со 2:1 во првото квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА со головите на Бент и Пибе и ќе патуваат за Северна Ирска на реваншот со предност од 2:1.

- Оглас -

Најнови вести