Кафе го мина најтешкиот пат, од соиграч на Нејмар и Гансо до пекар

Џеферсон Кафе беше еден од најталентираните играчи на бразилскиот гигант Сантош, играше со сега познатите фудбалски ѕвезди Нејмар и Гансо, но на 29-годишна возраст одлучи да ја прекине кариерата и сега работи како пекар.

„Не можев веќе да го поднесувам малтретирањето во клубови, кои не плаќаа. Во последниот клуб играв една година и не добив ниту банка. Подобро е да работам чесно како пекар, отколку да се мачам како фудбалер“, вели Кафе.

Како што вели најголемата грешка ја направи во 2011 година, кога самиот побара да си оди од Сантош, во Санто Андре. Потоа заминуваше на уште неколку позајмици пред да ја прекине кариерата.

„Бев млад и тоа ми е најголемата грешка во животот. Не сакав да бидам трпелив, да чекам шанса за поголема минутажа во Сантош и сам побарав да заминам во Санто Андре. Сите момчиња од мојата генерација што останаа во Сантош добија шанса подоцна и станаа познати фудбалери. Јас избрзав и погрешив“, вели двојниот шампион на Бразил во генерацијата на фудбалери до 20 години.

- Оглас -

Најнови вести