Офанзивниот фудбалер на Арсенал, Кај Хаверц, повторно се приклучи на тренинзите со тимот, објави клубот од „Емирати“.
Напаѓачот на лидерот во Премиер лигата беше надвор од игра поради повреда на коленото, која ја заработи во победата над Манчестер јунајтед со 0-1 на „Олд Трафорд“ на стартот од сезоната.
Хаверц беше забележан како тренира со соиграчите пред четвртфиналето од „Карабао купот“ против Кристал палас.
Лондонскиот дуел на „Емирати“ започнува за еден час, а Кај Хаверц наскоро треба да му се врати во тимот на Арсенал.
Kai Havertz in Arsenal training today. 👋🇩🇪 pic.twitter.com/NKy0tXhr5h
— afcstuff (@afcstuff) December 22, 2025

