19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Каират испиша историја, на пенали го елиминира Селтик и се пласира во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Каират се пласираа во Лигата на шампионите, првпат во историјата на клубот, откако во реваншот го елиминираа големиот Селтик по изведување пенали, откако мечот заврши 0-0, исто како и во Глазгов. Херој на натпреварот беше 21-годишниот голман на Каират, Темирлан Анарбеков, кој одбрани три пенали и го отвори патот на Каират кон елитното европско натпреварување.

Мечот во Алмати започна многу внимателно, со оглед на непогодните временски услови и големиот притисок за двата тима. Како што минуваше времето, играчите се разиграа и создадоа неколку шанси, но без промена на резултатот.

Првото полувреме заврши со најнепопуларниот резултат, а во вториот дел дојдоа неколку возбудливи моменти. Жоржинњо имаше обид од слободен удар, Селтик имаше шанса преку Меада во 86-тата минута, а Каират ја имаше својата шанса преку Арда, но сите обиди беа спречени од голманите.

Мечот отиде во продолженија, каде Селтик покажа поголема иницијатива, но Каират остана цврст. Голманот Анарбеков блескаше со неколку клучни интервенции, вклучувајќи ги обиди на Нигрен и Лук Мекован.

По 120 минути неизвесност, се пристапи кон пенали. Веднаш на почетокот, Селтик промаши преку Адам Нида, а Громико на спротивната страна ја погоди гредата. Во втората серија, Анарбеков „скроти“ пенал на Мекован, додека Александар Мартинович со сигурен удар донесе предност за Каират, која клубот ја задржа за историски успех.

Двете екипи беа прецизни во следните две серии, но промашениот удар на Маеда беше кобен за Селтик.

- Оглас -

Најнови вести