Вечерва во НБА-лигата се играат само два натпревари, во кои според квотите во Sport Life, фаворити се Мајами против Бруклин и Оклахома сити против Голден стејт.
Освен големиот број стандардни игри кои се врзани за исходот на мечот и делови од него, може да играте и на број на поени кај 17 различни поединци.
Кај Вориорс ќе ги нема повредениот Стеф Кари и суспендираниот Дрејмонд Грин, па нивното отсуство ќе пробаат да искористат гостите предводени од Шаи Гилџиус Александер. Кај Голден стејт ќе треба натпросечно да одиграат Клеј Томпсон и Крис Пол за тимот да има шанса да победи. На претходниот дуел на овие две екипи, Кари и Грин заедно дадоа 45 поени, па на Воините нема да им биде лесно да ги надоместат.
Бруклин победи во Мајами пред две недели, па Жешките ќе имаат мотив да се реваншираат. Џими Батлер од Хит и Мајкал Бриџис од Нетс се играчите од кои се очеква да бидат први стрелци во своите тимови.