Кај навивачот кој го предизвика прекинот во Мадрид бил пронајден нож, по Куртоа било фрлано и со измет (Фото)

Хаотичното дерби помеѓу Атлетико и Реал заврши нерешено, 1-1, откако мечот во финишот беше прекинат на 15-тина минути поради предметите кои долетаа од трибините кон голманот на Кралскиот клуб, Тибо Куртоа.

Шпанските медиуми објавуваат дека кај навивачот кој со запалка фрли по Куртоа е пронајден нож, па инцидентот можел да биде и со многу поголеми размери, со оглед на тоа дека навивачите на Атлетико се обидоа и да влезат во теренот. На фотографијата се гледа ножот кој бил пронајден кај навивачот, што значи дека и полицијата си завршила својата работа.

По голманот на Реал беше фрлано со сè и сешто, односно со сè што им дошло при рака на навивачите, а Куртоа и главниот судија ги собираа предметите за да му ги дадат на делегатот на мечот. Вниманието го привлече една кеса, за која се шпекулира дека во неа имало измет, иако тоа не може да се потврди.

 

 

- Оглас -

Најнови вести