Помина половина од рокот за типувањето за 13-тото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, а играчите веќе најавија одредени исходи за викенд-натпреварите и кои се нивни фаворити.
Фаворити се бунднеслигашите Келн, Ајнтрахт и Волфсбург, па и Лајпциг, кој игра со Леверкузен, а Ливерпул има „поддршка“ од 65,5% од типувачите на Спортската прогноза дека ќе победи на гостувањето кај Тотенхем. Над половината веруваат во победа на Јувентус против Рома и на Астон вила против Манчестер јунајтед, огромен процент верува дека Каљари ќе ја совлада Пиза, а најголема поделеност има кај Лидс – Кристал палас, таму мали се разликите во процентите за кец, икс и двојка.
До затворањето на терминот за прогнозирање, тоа е сабота во 13.30 часот, процентите може да се сменат, но каде што разликата е драматична, тешко.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.


