Кај стадионот вреден милијарда долари се појавија дупки во бетонот (Видео)

Светското првенство во Катар започнува в недела, а организаторот веќе се соочува со критики како од јавноста така и од навивачите.

Вчера агенти за безбедност прекинаа јавување во живо на дански новинар и притоа му се заканија дека ќе му ја искршат камерата, а беше откриена дупка во бетонот пред новоизградениот стадион „Лусаил Иконик“, на кој ќе се игра финалниот натпревар на 19 декември.

Дупката настанала по рушењето на бетонски плочи, а органзиаторот засега не го обезбедил и не го обележал местото.

Стадионот „Лусаил“ има капацитет од 80.000 седишта, а неговата изградба чинеше 1,1 милијарда долари.

- Оглас -

Најнови вести