Кајл Вокер е разочаран и лут, сака да си оди од Манчестер сити

Големи се шансите летово да дојде до разделба на Манчестер сити со 33-годишниот десен бек Кајл Вокер.

Вокер не беше стартер во финалето на Лигата на шампионите и токму тоа е главна причина за неговото незадоволство. Вокер се налутил, а менаџерот Пеп Гвардиола рече дека не го ставил во првите 11 затоа што на негова позиција му требало поинаков тип на играч за тактиката што ја имал.

Вокер влезе во игра дури во 82-рата минута, на местото на Стоунс, и чувствува дека минутажата ќе му биде помала во следната сезона, па затоа размислува за заминување.

Интерес за Вокер има од Шефилд јунајтед, каде што ја почна кариерата, но постои опцијата и за преселба во странство. Вокер шест години е во Сити, а таму дојде од Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести