32.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Кајл Вокер испадна голманиште

Манчестер сити се најде во многу непријатна ситуација на гостувањето кај Аталанта кога резервниот голман Клаудио Браво во 81-вата минута доби црвен картон. Чилеанецот на полувремето го замени Едерсон, но поради фаул над Иличич направен надвор од 16-никот, заслужено беше исклучен.

Бидејќи англискиот првак остана без голман, а Браво стана првиот резервен голман кој добил црвен картон во историјата на ЛШ, тренерот Пеп Гвардиола мораше да најде некое друго решение. Каталонецот смисли во игра да го стави Кајл Вокер, на местото на Ријад Марез, и Вокер да облече ракавици и да брани, а имаше и дрес со кратки ракави. Вокер имаше повеќе одбрани од Браво и успеа да ја зачува својата мрежа.

- Оглас -

Најнови вести