Десниот бек на Манчестер сити, Кајл Вокер, кој минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Милан, се договорил со Евертон за едногодишна соработка.
Според информациите, 35-годишниот англиски репрезентативец и раководството на Карамелите постигнале принципиелен договор, а сега останува клубовите да утврдат дали трансферот ќе биде постојан за симболична сума или ќе се реализира како позајмица до истекот на договорот со Сити, кој завршува за 12 месеци.
Интерес за Вокер покажале и од Фулам, но се повлекле откако било јасно дека не можат да ги исполнат финансиските барања на искусниот дефанзивец.
Кајл Вокер досега има 96 настапи за репрезентацијата на Англија, а последниот беше во дуелот против Сенегал. Селекторот Томас Тухел и понатаму смета на него, а надежта на Вокер е да ја надмине границата од 100 натпревари во националниот дрес.
Манчестер сити го доведе Вокер во 2017 година од Тотенхем за 50 милиони фунти, а со Граѓаните освои дури 17 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.