Кајл Вокер си посака со Милан да ја освои Лигата на шампионите

На првата прес-конференција како играч на Милан, англискиот десен бек Кајл Вокер рече дека освојување на Лигата на шампионите во дресот на Росонерите би му било реализирање на сонот.

„Фантастично е да се биде играч на Милан, ова е голема можност за мене. Тренерот ме пречека со раширени раце. Тука носам искуство и лидерство, сакам да придонесам да се направат промени на подобро. Ни требаат континуитет, дисциплина, глад за победи. Освојувањето на Суперкупот на Италија е добар знак, во ЛШ добро ни оди, но мора да се подобриме во Серија А. Сакам да научам италијански и да покажам дека може да победувам и надвор од Англија. Освојување на ЛШ би ми било остварување на сонот, веќе го искусив тоа со Манчестер сити“, изјави Вокер.

Десниот бек дебито во дресот на Милан може да го има во големото градско дерби против Интер.

„Сезонава веќе играв против Интер во ЛШ. Очекувам возбудлив меч, тие ќе сакаат да ни се реваншираат за поразот во Суперкупот. Ќе мора да дадеме максимум за себе, за пласманот на табелата и за навивачите“, рече Вокер.

- Оглас -

Најнови вести