Кајри Ирвинг одигра симултанка против одбраната на Детроит пистонс и постигна 45 поени во победата на Бруклин по продолженија, а кошот што го постигна на почетокот на третиот период е магичен.
Во тешка ситуација и надвор од баланс, бекот на Бруклин погоди кош од зад кош. Магично од Кајри, кошаркар со веројатно и најдобар дриблинг во НБА лигата, или популарно наречен „крос-овер“.
https://twitter.com/BlakeTourangeau/status/1221316737242546177?s=20
Мечот заврши по продолженија со победа на Бруклин од 121:111, а се знае најмногу заслуги одат на сметка на Ирвинг, кој ќе го памети мечот и по неверијатниот кош на почетокот на второто полувреме.
https://twitter.com/AnaDolera1/status/1221243224490156033?s=20