16.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Кајри Ирвинг ги шокира Мрежичките, им даде рок до четврток да го разменат

Ол стар бекот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг, ја шокира управата на Мрежичките и побара да си замине до крајот на рокот за размени и лесно може да се случи да заврши со Далас маверикс кај Лука Дончиќ.

Ирвинг чиј договор истекува на крајот од сезоната, на управата на Бруклин нетс, прво и рекол дека нема намера да потпишува нов договор, а потоа и дека сака да биде разменет до 9. февруари, до кога трае рокот за размени во НБА лигата.

Новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, кој се смета за најдоброинформиран меѓу медиумските работници и кој ретко греши, на својот профил на Твитер, објави дека Далас маверикс сериозно е заинтересиран за размена со Бруклин со која Ирвинг би станал соиграч со Лука Дончиќ.

Ирвинг во Бруклин нетс пристигна во 2019 година заедно со Кевин Дурент, и оттогаш постојано прави проблеми. За време на пандемијата на коронавирусот, одби да се вакцинира поради што пропушти голем дел од претходната сезона, а потоа издејствува да му се даде отказ на тренерот Стив Неш.

Минатото лето промовираше промовираше книга и филм кои поттикнуваат антисемитизам, односно нетрпеливост, омраза и предрасуди кон Евреите.

Ирвинг сезонава просечно постигнува по 27.1 поен, 5.3 скока и 5.1 асистенција по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести