Бостон селтикс победи со 112-90 на гостувањето кај Милвоки бакс, и поведе со 1-0 во оваа полуфинална серија од плејофот во источната конференција во НБА лигата.
Нападот на Селтикс го предводеше Кајри Ирвинг со 26 поени, 11 асистенции и 7 скока, а одличен беше и крилниот центар Ал Хорфорд со 20 поени и 11 скока. Хорфорд вршеше голема работа во одбраната против Јанис Адетокумбо. Гркот уфрли за него скромни 22 поени, а во една акција, двапати беше изблокиран од Хорфорд.
Погледнете ги „бананите“ на Доминиканецот против „грчкото чудовиште“:
https://twitter.com/i/status/1122570551527079939