Ѕвездата на Далас маверикс, Кајри Ирвинг, кој во последните години беше еден од противниците на вакцинацијата против корона-вирусот, но и по теоријата дека Земјата е рамна, во интервју за весникот „Мундо Депортиво“ изјави дека многу го почитува Новак Ѓоковиќ.
Ирвинг во времето кога настапуваше за Бруклин нетс остана без милиони од договорот бидејќи не сакаше да се вакцинира и поради тоа повеќе од половина сезона за време на пандемијата не смееше да игра поради одлуката на Владата на САД да забрани влез во сали на невакцинирани лица.
Новак Ѓоковиќ пак во 2022 година беше депортиран од Австралија поради истиот проблем, иако претходно австралиските власти му дадоа виза за настап на Отвореното првенство на Австралија, на кое требаше да ја брани титулата.
„Не го познавам добро Ѓоковиќ, но знам дека ми праќаше пораки со поддршка, како и јас нему. Се занимававме со слични работи во кои темата беше нашето тело. И двајцата сметаме дека го направивме тоа што е најдобро за нас. Искрено, чувствувам како Новак да ми е брат на овој свет во овие проблеми. Морате да поддржите некој кој има свое мислење, морате да почитувате некој кој прави сопствен избор и стои на својот став“, изјави Ирвинг за шпанскиот весник.