Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг направи нов скандал, откако во минатото зборуваше дека земјата е рамна плоча, сега промовираше книга и филм кои поттикнуваат антисемитизам, односно нетрпеливост, омраза и предрасуди кон Евреите.
Тој тоа го направи јавно преку социјалните мрежи, на својот профил на Твитер ја промовираше книгата “Hebrews to Negroes: Wake up Black America” (Евреите до црнците: Разбуди се црна Америко).
Неговиот потег предизвика жестоки реакции од сите страни и сите го осудија неговиот потег како ширење на омраза. Дури мораше да се огласи сопственикот на Бруклин нетс, Џо Цаи.
„Разочаран сум поради тоа што Кајри подржа филм кој е снимен по книга која е полна со антисемитски пораки. Ќе седнам да разговарам со него, да се погрижам Кајри да сфати колкава штета ни нанесува на сите нас. Зборувам како верник, погрешно е да се промовира книга која се базира на омраза кон една раса, етничка припадност или религија“, соопшти сопственикот на Бруклин нетс.