Во НБА-лигата се одиграа неколку интересни натпревари, од кои најнеизвесен беше тој на Лос Анџелес клиперс и Портланд. Клиперс победи со 113-112, со две слободни фрлања на Пол Џорџ на 4,8 секунди до крајот. Џорџ даде 10 поени во последните три минути. Кај Блејзерс го немаше повредениот Демиен Лилард, но ако им е некаква утеха, ветеранот Кармело Ентони покажа дека е мајстор и на моменти има блесоци кои може да му помогнат на тимот.
VINTAGE CARMELO. pic.twitter.com/ZRKdoyCylD
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 21, 2021
Во отсуство на Џејмс Харден и Кевин Дурант, бекот Кајри Ирвинг беше принуден да добие целосна слобода во играта и да „дивее“, па тој со 15 поени во последната четвртина му донесе победа на Бруклун нетс против Њу Орлеанс пеликанс од 134-129. Сите клучни поени во последната минута за Мрежичките беа дело на Ирвинг.
Се радуваше и другиот тим од Големото Јаболко. Њујорк никс има седум победи по ред, а најнова жртва им беше Шарлот хорнетс, кого го поразија со 109-97.