Кака пред 13 години си ја жртвуваше главата, а тој потег е меѓу најгенијалните во историјата на ЛШ (видео)

Многумина на тоа место не би поставиле нога, но Рикардо Кака си ја жртвуваше главата за да ја покаже својата генијалност. Точно пред 13 години, Бразилецот блесна на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед со два погодоци и ги одведе Росонерите до финалето во Лигата на шампионите.

При напад на гостите, Кака беше осамен, а за да изгради простор за удар мораше да реагира со глава, избегнувајќи судир со Ханзе и Евра, пред да го матира Ван Дер Сар.

Иако Милан загуби со 3-2 и пред тоа имаше два гола водство, со вкупнио резултат од 5-3 стигна до финалето, односно до последната седма европска титула освоена против Ливерпул. Токму сезоната 2006/07 беше во знакот на Кака, а ова е еден од најдобрите потези кои му ја обезбедија Златната топка.

13 years ago today Kaka scored this goal, pure magic from soccer

- Оглас -

Најнови вести