Бразилската фудбалска легенда Кака, кој пред 15 години беше најдобар фудбалер на светот, изјави дека жали што Италија нема да биде дел од Мундијалот во Катар. Кака своите најѕвездени мигови ги имаше додека играше во Италија за Милан.
„Жалам што Италија не се пласираше на СП. Мундијал без Италија може да биде здодевен, но истовремено, ова е сериозна лекција и треба да биде аларм за будење во италијанскиот фудбал“ – изјави Кака.