Како алва ќе одат дресовите на Јувентус – И резервната гарнитура изгледа прекрасно (Фото)

Јувентус и Адидас одработија одлична работа и во новата сезона очекуваат одлична заработка од продажба на дресовите, кои изгледаат прекрасно.

Познатиот германски производител на спортска опрема веќе го промовираше и резервниот сет на дресови на Јувентус за новата сезона, што изгледа примамливо, исто како и првата гарнитура за настапите на повеќе фудбалски фронтови.

Актуелниот италијански шампион веќе ги промовираше и на терен против Рома новите дресови, а сега веќе се знае и изгледот на резервната варијанта.

Јувентус го загуби премиерниот меч што го играше со новиот комплет на дресови за новата сезона, во ревијалниот дуел што го доби Рома со 3:1 во Торино, во последното коло од Калчото.

- Оглас -

Најнови вести