Како Барди во 90 минута ќе ја спречеше прославата на титулата на Барселона? (Видео)

Барселона и сезонава ја потврди доминацијата која ја има во изминативе години во шпанското првенство Каталонскиот гигант ја одбрани титулата и по осми пат во последните 11 сезони стигна до тронот во шампионатот. Трофејот и официјално беше прославен синоќа на „Камп Ноу“, кога беше победен тимот на Леванте со минимални 1:0.

Лионел Меси кој влезе како резерва во второто полувреме, беше стрелец на единствениот гол за триумф. Со тие три бода, Барселона има недостижни девет бода пред Атлетико Мадрид, на три кола до крајот. Малку фалеше славјето на Барселона синоќа да биде одложено и тоа поради македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Барди ја имаше најдобрата шанса за Леванте за израмнување, а неговиот удар во 90 минута заврши во стативата, а потоа голманот Андре Марк тер Штеген успеа да ја фати топата во своите раце. Доколку Леванте израмнеше на 1:1, Барселона немаше да има можност да слави титула синоќа.

Покрај погодокот на Меси, на видеото на 0:55 секунди, може да ја видите и стативата на Барди.

- Оглас -

Најнови вести