Како би изгледала табелата во Серија А по доаѓањето на Ибрахимовиќ во Милан?

Со доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во дресот на Милан, првенството во Италија дефинитивно се промени. Популарниот Ибра „од корен“ ја промени играта на Милан, а Росонерите од тим кој има разочарувачки резултати, сега е екипа која никој не може да ја сопре.

Ибрахимовиќ во Милан дојде во зимскиот преоден рок, па ако се направи пресметка на резултатите на клубовите во Серија А од 1 јануари 2020 година досега, се доаѓа до чуден резултат. Милан е клубот кој освоил најмногу бодови во италијанското првенство во оваа календарска година.

Во 27 одиграни средби досега, Росонерите имаат 18 победи, седум нерешени и само два порази со гол-разлика 61 дадени и само 27 примени голови. Зад Милан е Аталанта со 59 освоени бодови, а дури на третото место е актуелниот шампион Јувентус со 53 бодови од 27 дуели.

Едноставно, факт е дека Серија А се промени со враќањето на Златан Ибрахимовиќ во Милан!

Еве како би изгледала табелата во италијанското првенство ако се пресметаат дуелите одиграни само 2020 година:

 

 

- Оглас -

Најнови вести