Како да доби бинго: Анчелоти во Евертон дневно ќе заработува по 31.593 фунти

Евертон вчера ремизираше без голови против Арсенал, на меч на кој речиси и да немаше шанси за погодок. Дуелот на „Гудисон парк“ го следеше и Карло Анчелоти, кој од денеска ја превзема тренерската улога во англискиот премиерлигаш. Анчелоти доаѓа со единствена цел, а тоа е да го однесе тимот кон сигурната зона на табелата. Евертон моментно има 19 бодови во 18 меча и е на 15 место на табелата.

Анчелоти сезонава започна како тренер во Наполи, но по недоразбирањето со газдата на клубот, но и серијата слаби резултати, доби отказ од аклчолигашот. Многу брзо на Анчелоти му се посреќи и доби понуда да се врати во Англија, а според договорот, навистина и добро ќе заработи.

Годишната плата на италијанскиот стратег ќе биде 11,5 милиони фунти, а пресметано тоа ќе значи дека Анчелоти ќе добива 958.333 фунти месечно, односно 221.153 фунти неделно, односно 31.593 фунри дневно, или најпрецизно по 1.316 фунти на час.

Доколку Евертон успее да се спаси од испаѓање, Анчелоти ќе добие и дополнителен бонус од 2,5 милиони фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести