Како да е од друга планета: Олимпик Марсеј потпиша со највисокиот фудбалер во Топ 5 лигите во Европа

Талентираниот 19-годишен фудбалер Исак Туре, во новата сезона ќе добие шанса да заигра во една од најсилните лиги во Европа, откако го комплетираше договорот со Олимпик Марсеј. Тинејџерот доѓа од екипата на Ле Авр која се натпреварува во втората француска лига, а Олимпик за неговиот трансфер плати пет милиони евра.

Тоа што посебно ги издвојува овој стопер е неговата висика. Туре е висок 206 сантиметри, а со таа висина го доби и приматот на највисок фудбалер во Топ 5 лигите во Европа.

„Исак има 206 сантиметри и е играч кој се чувствува многу комотно во дуел играта. Има потенцијал да стане вистински лидер во нашата екипа“, коментираат од тимот од Марсеј.

Интернет претставувањето на Туре беше во стилот на филмот „Марвел“, како да доаѓа од друга планета.

https://twitter.com/i/status/1542515930629955588

- Оглас -

Најнови вести