17.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Како да не загубија 0:5 во претходното коло: Блесок на Црвените ѓаволи во Лондон

Манчестер јунајтед одигра одличен меч и победи убедливо со 3:0 на гости во Лондон против Тотенхем, во меч од 10. коло во Премиер лигата. Со оваа победа, Црвените ѓаволи стигнаа до 17 бодови и сега се само на три помалку од градскиот ривал Сити, кој е нивни противник во следното коло.

Кристијано Роналдо ја најави победата на Манчестер погодувајќи за 1:0 во 39 минута. По неполни 20 минути во второто полувреме, Роналдо асистираше за погодок на Едисон Кавани, а конечните 3:0 ги постигна Маркус Рашфорд во 87 минута.

Со погодокот и асистенцијата, Роналдо стана најстариот играч кој тоа го направил во последните седум години. Португалецот тоа му успеа со 36 години и 257 денови, исто колку што имал и Дидие Дрогба кој асистираше и даде гол за Челзи во декември 2014 година, исто така во дуел со Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести