Зимата значи е време во кое се јаде ајвар, руска салата, вкусно бело сирење и многу леб. Тоа значи и дека килограмите лесно одат во нагорна линија, па паметно е да бидеме колку што е можно повеќе и почесто физички активни.
Сепак, студеното време често нè спречува да излеземе на маалскиот кош со пријателите или да пешачиме до работа. Токму затоа е важно да најдеме соодветна замена и да останеме во форма.
Ако ви се допаѓа идејата, но немате ништо конкретно на ум, тогаш ние ви нудиме неколку опции што, можеби, ќе ви се допаднат. Продолжете со читање, разгледајте ги нашите идеи и одберете го тоа што е најсоодветно за вашите потреби и желби.
Облечете се топло и спортувајте на отворено
Ако барате изговори зошто да не спортувате, лесно ќе ги најдете, но ако навистина сакате да го правите тоа, лесно ќе дојдете до сите потребни реквизити. Без разлика дали сакате лесно трчање во парк, искачување планински врвови или некоја слична активност на отворено, спортските продавници имаат сè што ви е потребно.
Не морате ниту да излегувате од дома за да се подготвите за тренинг. Нарачајте онлајн топли чизми за искачување на планина, хеланки за трчање во парк или јакна за медитација покрај река. Побарајте спортска опрема и нарачајте од богатата понуда достапна на нашите онлајн шопинг-платформи.
Пронајдете добро опремена сала за вежбање во близина
Доколку зимскиот студ воопшто не ве привлекува, тогаш можете да се обидете со сала за вежбање или фитнес-центар. Во близина сигурно имате повеќе сали за вежбање, односно „теретани“, па проверете која ќе одговара идеално на вашите потреби.
Погледнете дали се добро опремени со справи што ви требаат, дали ги посетуваат многу луѓе во времето кога вам ви одговара, дали вработените се вистински професионалци и дали можат да ви помогнат во обидот да останете во форма.
Секако, не заборавајте да се опремите како за во сала. Побарајте опрема за фитнес и вежбање и реквизити што се соодветни за справите во салата. Иако нема дрес код којшто мора да го следите, сепак треба да обезбедите барем шорцеви, маичка и патики за вежбање.
Запишете се на часови по борачки вештини
Бокс, теквондо, карате, аикидо, речиси сите борачки вештини се достапни за тренинг кај нас. Ако имате енергија што сакате да ја исфрлите од себе и барате контактен спорт, тогаш ова е вистинското решение за вас.
Речиси сите борачки спортови се практикуваат во сала. Спортистите користат татами за ублажување на падовите, а разни видови реквизити помагаат за тренирање на прецизноста, силата и вештината во изведувањето на ударите. Доколку сте решени да се ослободите од стресот што го носи секојдневието, ова може да звучи како совршена идеја.
Направете домашна „мини-теретана“
Големите машини што ги користат салите за вежбање низ градот се огромни и прескапи, но тие не се единствениот начин да вежбате конкретна група мускули. За да останете во форма и да бидете здрави, доволни ви се само неколку реквизити.
Покрај соба во која ќе имате доволно простор за вежбање, потребни ви се подлога за вежбање, тегови со различни тежини, фитнес-топка, растегливи јажиња, а доколку е возможно, одлично е да набавите и клупа за стомачни, лента за трчање и вратило. Со овие неколку елементи ќе можете да бидете максимално посветени на своето здравје и линијата.
Редовни ски-авантури за викенд
За љубителите на снегот и на снежните спортови, тука е скијањето и сноубордингот. Иако сме сведоци на сè поретки снежни падежи, во одреден дел од годината македонските планини се прекриени со снег и нашите скијачки центри работат со полна пареа.
Скијањето е спорт што нуди прекрасни моменти во природа, троши многу калории и овозможува дишење чист воздух. Скијањето е прекрасен спорт за тие што сакаат да уживаат во снегот и во планината, но за да го практикувате, потребни ви се соодветни реквизити.
Покрај специјализираните скијачки јакни, панталони и чизми, тука се и скиите и штеките, кои спаѓаат во задолжителната опрема за зимски спортови.