Новиот стил на одбрана на Рики Рубио против Џејмс Харден е хит, но остана без ефект на првиот меч од финалната серија меѓу Хјустон и Јута.
Шпанецот се обиде да го чува противникот од зад грб оставајќи му простор слободно да продре кон кошот на Јута џез, но Брадата не се збуни и успеа да асистира.
Хјустон убедливо го доби првиот меч од серијата во првото коло во плејофот, славеше со 122:90, а Харден повторно одигра одлично и имаше учинок од 29 поени, 10 асистенции и 8 скока, па Рубио ќе мора да бара нов рецепт во обидот да се сопре сезонава извонредниот бек на Хјустон.
Погледнете како Рубио се обиде да го чува Харден.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1117630891449176064