Како да се избегне англискиот карантин? Аргентинците измислија оригинален трик

Аргентинците измислија оригинален трик за покерот репрезентативци што доаѓаат од Англија за квалификациските дуели во септември против Венецуела, Бразил и Боливија, сите во септември.

Голманот Мартинес и Буендија, кои се членови на премиерлигашот Астон вила, и двоецот од Тотенхем, Ло Селсо и Ромеро, ќе патуваат за Аргентина и покрај отпорот од Англија.

Раководството на аргентинскаат фудбалска федерација не им дозволи на англиските клубови да им забранат на четворицата репрезентативци да настапат за актуелниот првак на Јужна Америка во квалификациите за Мундијалот во Катар, а потоа смислија и одличен план.

По враќањето во Англија сите четворица требаше да бидат во 10-дневен карантин, но тоа нема да се случи и Мартинес, Ромеро, Ло Селсо и Буендија ќе патуваат за Хрватска на десетдневен одмор.

Тоа значи дека ќе пропуштат две кола во англиската Премиер лига, а објаснувањето е логично. Наместо да седат изолирани во хотел во градовите од каде што им се клубовите, покерот аргентински репрезентативци ќе се одмара на јадранското крајбрежје.

Аргентина ќе игра со Венецуела на гостински терен на 3 септември, два дена подоцна на ред е вечното дерби со Бразил повторно на гости, а циклусот квалификации во септември ќе го завршат со дуел против Боливија на 10 септември на свој терен.

Аргентина по шест кола со три победи и три нерешени дуели и 12 бода е на второто место на табелата во јужноамериканските квалификации за Мундијалот во Катар.

Прв е Бразил со максимални 18 бода, а двата фудбалски великани се главни фаворити за едно од четирите сигурни места од Јужна Америка за настап на СП во Катар.

Петтопласираната селекција ќе игра дополнителни бараж-мечеви за пат во Катар.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести