Репрезентацијата на Мали убедливо го започна африканскиот куп на нации со победа од 4:1 против Мавританија, а мечот го одбележа еден необичен момент во светскиот фудбал. Првите два гола за Мали ги постигнаа Диаби и Магера, а потоа на сцена се појави Адама Траоре.
Траоре даде два гола, но има една необична работа.Адама Траоре не е еден играч, туку двајца фудбалери со исто име и презиме, кои играат на иста позиција. Првиот Адама Траоре даде гол во 55 минута, а шест минути подоцна беше заменет од игра. На негово место влезе, Адама Траоре, а само 12 минути поминати на теренот, вториот Адама Траоре даде гол за 4:1.
Следниот ривал на Мали на Купот на африкански нации е селекцијата на Тунис, која сигурно посебно внимание ќе посвети на двајцата Адама Траоре.
https://twitter.com/realoladele/status/1143330876023087104