Како дете трчаше да се фотографира со Суарес, а сега може да го пречека како соиграч

Луис Суарес повеќе од една деценија е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Уругваецот целосна играчка афирмација доживеа во дресот на Ајакс, каде што настапуваше во периодот од 2007 до 2011 година.

Суарес беше голема ѕвезда во Ајакс и идол на многу млади фудбалери кои сакаа да имаат фотографија со него. Еден од оние кои имаат спомен-фотографија со некогашниот голгетер на Ајакс е и тогашното детенце Матајс де Лихт.

Де Лихт бил задолжен да собира топки на тој меч одигран во Амстердам, а тогашното момче се фотографирал со Суарес. Сега Де Лихт прерасна во еден од најдобрите млади стопери во светот и го носи дресот на Јувентус. Шпекулациите велат дека Суарес може летово да дојде во италијанскиот гигант, па да се случи Де Лихт да го пречека Уругваецот во Торино и заедно да ја делат соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести