Италијанскиот спринтер Ламонт Марсел Џејкобс, кој го изненади светот со победата на олимписката атлетска трка на 100 метри, е интересен по многу работи, за него се знае и дека е роден во САД и дека татко му е Американец, но наводно не знае англиски јазик. Џејкобс речиси цел живот е во Италија, а за ЛОИ во Токио се подготвуваше во Рим, и тоа на многу интересен начин.
Се појави снимка на која се гледа како Џејкобс тренира трчајќи зад еден џип кој вози со 40-тина километри на час. Тоа му помогна на Италијанецот стоте метри во финалето во Токио да ги истрча за 9 секунди и 80 стотинки, што е нов европски рекорд.
Еве како изгледаа тренинзите на новиот најбрз човек на светот: