Kaко до добивка од 12.400 евра? Треба само да се избегнат топ 5 лигите во Европа

Наш редовен обложувач од Струмица изминатиот викенд доби вистински џекпот со уплата само од 200 денари. Струмичанецот најде начин како да дојде до добивка од речиси 12.500 евра, односно 765.568 денари и тоа само со осум типувани натпревари. Тајната е во головите, но пред сè, гледал да избегне мечеви од топ 5 лигите во Европа.

Вербата му била во дуели од балканските лиги, во комбинација со уште неколку натпревари од понеквалитетните првенства ширум Стариот Континент. Средбата меѓу Истра и Славен Белупо е единствен гол-гол (ГГ) тип на Струмичанецот, кој му донесе квота од 1.81, додека останатите седум средби се типовите како 4+, 5+ и 6+. Партизан го држел во неизвесност сè до последните минути од дуелот против Рад, кој заврши со 3-0, а токму тоа очекуваше типувачот, Црно-белите трипати да го најдат патот до мрежата.

Oстанатите мечеви завршија точно на граница, односно минималниот број на погодоци кои беа потребни за добивката.

ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СЕ ИГРААТ ЕКСПРЕС ТИКЕТИ 

Типувач од Ѓорче Петров вчера само за пет часа си се почести со добивка од 1.000 евра, односно 61.297 денари. Со уплата само од 200 денари, наредил 13 натпревари од вечерниот термин во недела и сите во иста комбинација, од два до четири гола (2-4).

Прв дуел на тикетот е Еспањол – Севилја, кој заврши со 2-0 во корист на гостите. Но, нема да биде интересно ако на стартот не е неизвесно, а Андалузијците дури до последните моменти од средбата притискаа за втор погодок, а го реализира Нолито. Слично како добитникот од Струмица, и овој наш редовен типувач ги избегнувал најквалитетните европски лиги, a Гент, Риека, Партизан се екипите кои запишаа рутинирани победи.

СИСТЕМ ИГРАТА Е ПОСИГУРНА, НО НЕ СЕКОГАШ ИСПЛАТЛИВА

Со уплата од 100 денари, типувач од Кисела Вода си доби 125.148 денари, но вкупната квота од 13.142 можела да му донесе драстично поголема добивка. Тој прогноризал дека во 12-те одбрани парови ќе има барем по два гола во првото полувреме. За да биде посигурен, одиграл систем во три дела, односно да биде добитен со по една утната средба во трите групи од по четири меча.

Типувачот ги погодил сите 12 парови во кои 2-0 бил минималниот резултат по 45 минути игра и можел да ќари дури 1.314.200 денари доколку не посегнеше по системската игра. Но, и 125.000 денари не се малку, нека си ги троши со убаво, па можеби ќе биде похрабар следниот пат.

 

- Оглас -

Најнови вести