Како до коефициент 464 од осум меча? Знаат 1.500 прогнозери

Од 1.490 играчи на Спортска прогноза кои ги дадоа своите фиксови на понудените мечеви од бесплатната игра, доколку се земат во предвид најчестите типови, за денешните осум меча се доаѓа до квота од 464, што значи дека со уплатени 100 денари, би имале тикет со можна добивка од над 46.000 денари.

Размислувањата на прогнозерите се дека Барселона сигурно ќе ја победи Севилја, дури 88,4 отсто од прогнозерите типуваа единица.

Над 80 отсто прогнозираат дека домашните ќе победат и на мечевите Јувентус – Наполи и Волфсбург – Аугсбург. Овие две единици се со квоти над 2. Дербито во Италија не е дефинирано дали ќе се игра, можно е гостите да не се појават на терен и да загубат службено. Во таков случај, натпреварот ќе се третира како одложен и нема да се брои во вкупниот скор.

Без победник треба да биде дуелот Мец – Лориен, бидејќи 47,7 отсто очекуваат по еден бод за двата тима. Двојка се очекува на другото италијанско дерби, Лацио – Интер. Точно 54,3 отсто од прогнозерите типуваа на победа на гостите од Милано.

Предноста на домашен терен треба да ја искористат Манчестер јунајтед против Тотенхем, Лион против Марсеј и Кадис против Гранада.

Според процентите на прогнозерите за овие понудени средби вкупниот коефициент е 464 што значи дека со само 50 вложени денари добивката може да изнесува околу 23.000 денари. Доколку не се игра во Торино, остануваат седум меча и тогаш добивката ќе биде двојно помала.

Инаку, 18 прогнозери ги погодија сите пет вчерашни типови и денеска се во игра за освојување на неделната премија, „Ајфон 11“.

- Оглас -

Најнови вести